Примариус М-р. Д-р. Јованка Стурлакова-Коровешоска, специјалист епидемиолог, вработена во ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид беше и уште е во целата светска пандемија во првите борбени редови со вирусот Ковид-19, бидејќи е единствен епидемиолог на западниот регион во државата.

Според Д-р Коровешоска, полесната клиничка слика на последниот бран на Ковид 19 се должи на тоа што голем број на граѓани во Охрид се вакцинирани или го имаат прележано вирусот.

Охрид за разлика од другите градови, бидејќи има висок опфат на вакцинација што се должи и на претходните доктори кои работеле со редовната вакцинација на децата, иако изложен како туристички град, сепак добро се справуваше со вирусот.

Доктор Коровешоска како млад доктор сонувала да работи во клиника, но по некоја случајност се вработила во државен санитарен здравствен инспекторат и цел живот работи превентива. Сега повторно кога би ја прашале и би била на почеток од кариера, пак би ја одбрала превентивата, за неа подобра гранка нема, бидејќи се грижиш за многу животи, спречуваше многу заразни болести.

Повеќе погледнете во новата епизода на „Обични херои“.

OhridNews