Докторот на науки Сузана Патчева ќе раководи со јваната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид во наредните 4 години. Изборот на нов раководител беше извршен денеска, а покраj Д-р Патчева во игра уште беше и Д-р Ленче Локоска, исто така вработена во јавната научна установа.

Сузана Патчева е алголог, а на раководната позиција во Хидробиолошкиот завод доаѓа на местото на Гоце Костоски кој речиси 12 години беше на чело на научната институција. Согласнио законот тој немаше право на нов реизбор.
OhridNews