Д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан“ доби престижна европска стипендија за едукација и професионална надградба
20.02.26 09:17
Д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан“ – Охрид во Минхен ја доби престижната европска стипендија за едукација и професионална надградба. Овој успех не е само личен, туку и професионална придобивка за домашната здравствена практика, бидејќи знаењето и европските протоколи кои се имплементираат придонесуваат за побезбеден третман и подобри клинички исходи.
Стипендијата се доделува преку EAPCI (European Association of Percutaneous Cardiovascular Interventions) – европската асоцијација за перкутани кардиоваскуларни интервенции, која функционира во рамки на Европското кардиолошко здружение (ESC) и претставува едно од највисоките стручни тела во Европа за развој на интервентната кардиологија, едукација на кардиолози и поставување на современи клинички стандарди. Грантот се доделува на мал број избрани кардиолози од Европа, како признание за научен придонес, клиничка експертиза и потенцијал за понатамошен развој.
Особено внимание кај експертите привлече нејзиниот иновативен пристап преку тибијалната артерија при третман на долги CTO лезии на површинската феморална артерија — техника со директна практична вредност за пациентите.
Европската стипендија Д-р Виолета Мојсовска Наумоска ја добива по впечатливиот настап во 2025 година, кога со предавањата „All Things Vascular“ и „Imaging to the Rescue“ ги претстави најсовремените пристапи во третман на комплексни васкуларни и периферни артериски лезии и предизвика значаен интерес кај меѓународната стручна јавност.
Ни следи реванш натпреварот против Дукла Првиот натпревар го добивме со девет голови разлика Можеби на моменти имавме и повисока предност, меѓутоа ете еден мал пад во финишот на натпреварот Ова е н...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“ Врнежи од снег со променлив интензитет...
Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот Особ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.