Центар за култура „Григор Прличев“

Од 05.11.2022 - 20:00 до 05.11.2022 - 22:00

Новото стендап шоу на Никола Тодороски „Да БолиТ“ повторно пред охридската публика. Љубителите на комедијата ќе можат да го погледат шоуто во сабота на 5-ти ноември во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Публиката ќе биде освежена и се надевам дека сите ќе си заминат со болка во стомачните мускули. Секој стендап материјал се развива со публиката и за стедап комедијата најбитна е нејзината реакција, вели Тодороски.

Со цел да се овозможи што поголем број граѓани да го видат шоуто, додава Тодороски, истото е дел од турнејата низ Македонија, во градовите Битола, Скопје, Штип и Струмица, а се планира да биде адаптирано и на англиски јазик за европската турнеја.

Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ – новото шоу на Коле “Да БолиТ“ – во стомачните!

Билетите по цена од 250 денари може да се купат на касата на Центарот за култура.

OhridNews