Празнично украсениот Охрид деновиве изгледа како место од бајките. Центарот на градот е разигран во илјадници бои, а сликата во градскиот парк е идилична.

За целосен впечаток фали уште индивидуално да бидат украсени куќите во стариот дел на градот. До редакцијата на OhridNeews пристигнаа повеќе предлози, а еден особено е интересен . Се предлага жителите од стариот дел на градот, колку што имаат можност, на прозорите, терасите од куќите или на дрвцата во дворовите да постават трепкачки сијалички во боја, со што стариот дел на градот ќе се вклопи во празничниот амбиент, што ќе биде своевидна туристичка атракција.

Охриѓани се на потег.

OhridNews