Под мототот „Да им помогнеме на оние на кои име најпотребна нашата помош“ на 8-ми октомври, сабота, во спортската арена „Атина Бојаџи“ ќе се одржи хуманитарен турнир во баскет.

На турнирот што го организира Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во соработка со спортски работници, медиуми и Црвениот крст, учество ќе земат локални екипи. Заинтересираните своето учество можат да го пријават уште денеска во просториите на општинската организација на Црвениот крст.

Средствата што ќе бидат собрани од турнирот ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

OhridNews