Светскиот ден на здравјето – 7ми април, ќе биде одбележан со низа активности, кои годинава ќе бидат во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот. По тој повод Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП),  денеска ќе реализира   кампања која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните, возачи на моторни возила во Општина Охрид, за неопходноста од редукција на употребата на моторните возила во нашето секојдневие, од аспект на зачувување на здравјето на сите граѓани.

Во кампањата се приклучува и  Црвен крст Охрид кој денеска со почеток во 13:00 ч. ќе  одржи едукативна јавна трибина на која учество ќе земат стручни лица од областа на здравството, сообраќајот и  екологијата.

Исто така планирано е да бидат дистрибуирани флаери до возачите на моторни возила со соодветна содржина, со кои ќе се делува врз свеста и совеста на возачите.

OhridNews