Црвен крст Охрид се придружува на хуманитарните активностите организирани за помош на 15-годишниот наш сограѓанин Илија Јосифоски кој боледува од  леукемија.


За таа цел младите од Клубот на Млади на Црвен крст Охрид, ќе органзизираат креативна работилница за изработка на украсни предмети кои во текот на наредните денови ќе бидат понудени на продажба на јавни места во нашиот град. Со купување на производите, нашите хумани сограѓани ќе придонесат да се соберат дел од потребните финансиски средства за лекување  на младиот Илија.
    
Креативната работилница ќе се одржи на 12.02.2011 г. (сабота), во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 12:00 ч.
   
Хуманите сограѓани можат  да донираат парични средства  и на сметката  во Тутунска Банка  на име Јосифоски Миле  210501558494490  (таткото на Илија).

OhridNews