ОПМ и невладината „Светла иднина“ апеlираат до партии и одговорни структури во јавните институции да престанат политичките притисоци врв Египќаните, кои, како што велат, се засилени во последниот период.

-Во една демократска држава, во една мултиетничка држава тоа не би требало да се практикува, бидејки се коси со универзалните начела и принципи на човековите права, велат од ОПМ и невладината „Светла иднина“, посочувајќи дека е несфатливо во денешно време да се вршат притисоци и да се користат закани се со цел остварување на политички цели.

За ваквите појави, од ОПМ и „Светла иднина“ најавуваат дека ќе бидат известени и ОБСЕ и други меѓународни организации, како и Народниот правобранител.

OhridNews