По одиграни два натпревари и само 180 минути македонската фудбалска репрезентација е веќе далеку од можноста да се замеша во трката за местата кои водат во Украина и Полска.  Точно, рано е , се одиграа само две рунди, но од досега прикажаното мора да се биде ултраоптимист за да се поверува дека водата може да потече на наша воденица.


Еве што селекторот Мирсад Јонуз во изминатите повеќе од шест месеци не убедуваше и како размислуваше.

Групата е добра: “ Добивме група во која имаме реални шанси да се надигруваме и да освоиме едно од првите две места во групата. Нема финансиски ефект како што посакувавме , но мислам дека добивме група која реално ни дава шанси да го направиме најголемиот успех досега.  Противниците се солидни, квалитетни и вистински предизвик за нас, но и противници со кои можеме да ги постигнеме посакуваните резултати. Реално аутсајдер е Андора, додека сите останати селекции, вклучувајќи не и нас можат да се најдат на првите три места на табелата. Русија е секако фаворит број еден и „ранетиот лав во групата” по елиминацијата од настапот на СП во Ј Африка, но тоа значи и противник кој може да се изненади. Останатите противници не би ги анализирал посебно.  Работите сега се променети , наше е да се мобилизираме правовремено, да ги подготвиме играчите за успешни игри, да стекнат уште поголема доверба во своите можности“ –  изјави Јонуз.


Задоволен од распоредот на натпреварите: “ На средбите со Ерменија и со Андора очекувам да докажеме дека сме подобри, а од тие со Словачка и со Русија да земеме некој бод, а зошто не и победа. Во текот на квалификациите ќе бидеме интересни за јавноста и очекувам да се бориме за врвот“ – најавува селекторот .

Селекторот Јонуз задоволен од возниот ред за ЕП 2012

Ќе играат само стандардните :  “Атмосферата во националниот тим е одлична и ништо неможе да ја поремети. Се надевам дека така ќе биде и во наредните месеци. Им посакувам на играчите да бидат здрави , да си најдат екипи и да играат стандардно бидејќи само стандардните ќе играат во следниот циклус“ – изјави пред новинарите селекторот Мирсад Јонуз. –  Ohridnews

Но .. “Без нови имиња, но со двајца фудбалери што немаат одиграно официјален фудбалски меч речиси половина година, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз ќе ја има генералната проба против Малта во Ла Валета на 11 август, пред септемврискиот почеток на квалификациите во циклусот за Евро 2012 година“ – Нова Македонија.


Нема нови имиња на списокот на Јонуз, со проверени сили ќе тестираме против Малта на 11ти август во Ла Валета. “Овој натпревар што ќе го одиграме во Малта ќе ни овозможи да се подготвиме и одиграме добар натпревар во гости, што воедно значи и подготовки за почеток на квалификациите за ЕУРО 2012, бидејќи првиот натпревар ни е со Словачка во Братислава на 3-ти Септември.Ќе пробаме да спроведеме игра и тактика како против игра на Словачка, “ – изјави Јонуз за веб страната на ФФМ.

Мечот заврши 1-1. Неуспешна генералката на “црвено – жолтите“

Јонуз бара и подршка од медиумите :  – Апелирам до вас новинарите сите заедно да застанеме зад оваа генерација фудбалери и да им дадеме поддршка во овој циклус. Во фудбалот се победува, но и се губи затоа е потребна позитивна атмосфера во јавноста и на крај очекувам сите задоволни со постигнатите резултати да направиме резиме на овие квалификации.  – изјави селекторот Јонуз пред новинарите.

 

Јонуз за Словачка по првиот меч на Мундијалот против Нов Зеланд:  – Ова е нивен прв меч, ќе треба да видиме како ќе се носат со Италија и со Парагвај. Но не покажаа ништо ново од квалификациите што ги завршија на првото место. Според мене, и нивниот селектор Владимир Вајс малку нелогично ја водеше екипата. Наместо да оди на резултат, на сигурна победа, тој сосема лошо ја постави тактиката. Словачка ем даде гол од чист офсајд, ем потоа селекторот извади напаѓач за да ја засили одбраната. А тоа лошо се враќа, кога ќе решиш да тактизираш на меч со послаба екипа. Се гледаше дека Словачка е многу посилна, но тие вчера не знаеја да го искористат тоа.Имаме шанса да изненадиме во Братислава, зашто не видов ништо добро во тимот на Словачка. Целата игра им се врти околу Марек Хамшик и Владимир Вајс, па ако тие двајца добро се „затворат“, им се кочи цел систем. Тогаш не знаат што воопшто да прават со топката. Напаѓачите целосно им зависат од средниот ред, таков калибар се што не можат сами да создадат шанса, туку чекаат „протнување“ на топката, за да влезат во шанса. Најважно е да не ги оставиме да се разиграат во средината, зашто заедно таа линија игра повеќе од четири години, се познаваат како дишат. Мора да се разбијат сериозно, да не им пројдат топките што се наменети за напаѓачите. Ако успееме тоа да го направиме – успехот ќе биде неминовен – смета селекторот. – Нова Македонија



Словачка – Македонија 1-0. (Не)заслужен пораз на Македонија

Шансата за рехибилитација ќе ја бараме против Ерменија :“ Нивната игра се базира на контра напади но имаат доста слабости во одбраната кои ние треба да ги искористиме.


Јонуз – “Одбраната на Ерменија е наша шанса“

Епилогот познат Македонија – Ерменија 2-2.  Очајната Македонија се спаси од пораз

Спасот селекторот и враќање на победничката атмосфера ќе ја брка против за нас (не)згодната Андора. Ќе бидат ли кобни “малите лилипутанци“ за селекторот Јонуз или тоа ќе биде победа како најава за нов победнички поход??

Мирко Постоловски