Од локалната самоуправа информираат дека заради довршувањето на градежните работи на пешачката и велосипедска патека од Билјанини извори до ресторанот “Котва“, потребно е сопствениците на пловните објекти, бродови, глисери и кајчиња кои се во каналот, веднаш да ги дислоцираат.

Доколку сопствениците на пловните објекти не го направат тоа сами, истите ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе ги сносат сопствениците.

OhridNews