Сите станоиздавачи од мал обем, на кои им истекол рокот на решението за категоризација, должни се да поднесат ново барање за продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем, информираат од локалната самоуправа.
Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат).
– Согласно Законот за угостителска дејност , важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти трае три години од денот на изготвување на истото, потенцираат од локалната самоуправа.
Екипи од општинскиот инспекторат ќе вршат постојани контроли на терен, а против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат решение за категоризација или важноста на истото е истечена, ќе се преземаат соодветни мерки.
OhridNews