Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози на пониските места и претежно влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews