Седум мали кучиња, од кои пет машки и две женски, чекаат хумани граѓани да ги згрижат за да не завршат отруени или под тркалата на некој автомобил.

Мајката која е бездомно куче, од родители лабрадор и вучјак и малите кучиња се прочистени од внатрешни паразити.

Нивниот дом сега е простор под скали од приватна куќа на улицата „Јане Сандански“ наспроти седиштето од ЈП Национални шуми Охрид. Во отсуство на надлежни институции, за кучињата и мајката сега се грижат хумани граѓани од околината, но на кученцата неопходен им е нов дом, поради опасностите кои ги демнат на сегашната локација која е покрај самиот коловоз.

OhridNews