Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека е јасно напишано што претставува Заедницата на српски општини во Бриселскиот договор од 2013 година и уште подетално во договорот од 2015 година, наведувајќи дека тие договори се круна на учеството на официјален Белград во дијалогот со посредство на ЕУ.

Го потпишавме Бриселскиот договор затоа што е добар за нашата заедница во Космет. Не е идеален, но во услови во кои го преговаравме за него, тоа е максимумот што можевме да го постигнеме. Тоа се договори кои на нашето население му даваат се што е во нивни раце на управување – од економија, развој, образование, здравство, до безбедност и полиција, изјави Дачиќ за „Политика“.

Дачиќ, кој го потпиша првиот Бриселски договор, додаде дека и двата договора се круна на учеството на официјален Белград во дијалогот со посредство на ЕУ, кој, како што истакна, се обврзале да се спроведе.

Никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници кон нивното уништување, рече Дачиќ и повтори дека ЗСО останува главната точка на договорот.

OhridNews