
Адвокатот на дадилката по првото рочиште изјави дека таа се изјаснила дека не се чувствува виновна, побарала преквалификација на делото и тврдела дека бебето немало тешки телесни повреди.
Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело. Бебето кое го малтретирала дадилката било нервозно, невесело, плачело навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето. На 20-ти август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилката.
На видео снимката, којашто е објавена и во јавност, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рачето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.
OhridNews











