Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Александар Далчески со добрите игри во дресот на Металург веднаш се наметна и кај новиот тренер Срѓан Захариевски, кој ја презеде екипата во зимскиот преоден рок.

Далчески во дневниот весник “Нова Македонија“ беше преставен како надежен фудбалер и ги октри шампионските амбициите за сезонава и желбите за во иднина.

– Металург им дава шанса на младите играчи, но во тимот има и поискусни фудбалери, кои во кариерата настапувале и во странство. Тоа дава резултати и мислам дека можеме да ја издржиме до крај во борбата за титулата.  Играв дури и стопер, но најмногу ми одговара улогата на дефанзивен играч за врска. Сепак, останува на тренерите да одлучат дали ќе играм и на кое место во екипата, а ќе се обидам да одговорам на нивните барања – рече Далчески.

По доаѓањето во Металург прв тренер на Далчески му беше фудбалска легенда Ѓорги Христов, но по слабите резултати и елиминацијата во Купот, битолчанецот ја напушти екипата. Сега тренер на “зелените“ е Срѓан Захариевски, кој фудбалската кариера ја заврши во тимот од “Автокоманда“. Тој во зимскиот преоден рок се ослободи од вишокот фудбалери, а Далчески остана и игра клучна улога во тимот.

– Многу помагаат советите од тренерите, кои зад себе имаат завидна играчка кариера, настапувајќи во најсилните европски првенства. Сите во клубот се обидуваат да им помогнат на помладите фудбалери, па така и поискусните соиграчи, кои постојано ни даваат поддршка. Младите тренираа заедно со првиот тим, што многу ни значи – истакна Далчески.

Далчески е среќен во екипата на Металург, но ги “мерка“ Бундес лигата и Примера и еден сака да заигра на германско односно шпанско тло.

-Не размислувам за одење надвор од Македонија. Ми се допаѓаат германската Бундес-лига и шпанската Примера, но сѐ уште е рано за таков ангажман –
заврши Далчески.

Мх.П.