Металург победничката серија ја зголеми на три натпревари откако го совлада Пелистер со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше искусниот Миле Крстев во финишот од средбата.



– Навистина тежок меч, во кој гостите дојдоа да останат непоразени и со сите сили го правеа тоа. Ние со гол во финишот успеавме да победиме и сосема заслужено ги освоивме трите бода кои ќе ни значат премногу во продолжението од сезоната –
истакна Александар Далчески.

Фудбалерот за врска во редовите на Металург покрај тренерската смена остана стандарден првотимец во тимот од Автокоманда.

Во втората рунда од третиот круг во шампионатот Металург гостува во Боговиње против екипата на Дрита.

Мх.П.