Пет нови фудбалери придодаде Христов во преодниот рок, фудбалери кои не само што треба да ја засилат конкуренцијата за место меѓу стартерите туку треба да го подигнат и квалитетот на играта во новата сезона.


–    После една исклучително добра епизода во Шкендија, во две сезони ја освоивме титулата, излеговме во Европа, ми се случи доживав една непријатна не бев воопшто обавестен дали сметаат на мене или не, тоа го разбрав од шефот на стручниот штаб. Се најдов во една незавидна ситуација во која одлучив да се вратам дома, кога стигна повик од луѓето од Металург, брзо дојдовме до заеднички договор .Не очекуваат натпревари на три фронта, Европа, првенство и во купот, расположението е на високо ниво. Во секој случај Металург е одлично организиран клуб, поголемиот дел од фудбалерите ги познавам низ мечевите против кои , две години игравме едни против други, без никакви проблеми ме прифатија и тие мене и јас нив –вели српскиот интернационалец Никитовиќ


Беше капитен на Вардар, го носеше дресот на Тетекс, а од Шкендија дојде во тимот на Железарница. – Во тимот сум примен одлично, Металург се гледа дека е еден од најорганизираните клубови во Македонија моментално. Дојдов во овој клуб да победувам и се надевам на трофеи сезонава а исто така се надевам на добра презентација во европските купови. – рече Оливер Пеев.


Еден од младата гарда фудбалери кои го засилија скопскиот лигаш, е Александар Далчески, кој лани беше еден од носителите на играта на охридскиот прволигаш.

–    Жестока е конкуренцијата, но и одлично се работи. Супер сум примен во тимот и од искусните фудбалери и единствено нешто во клубот на што треба да се фокусираш е фудбалот – се првите импресии на Далчески.



Христов ќе мора да поработи на ефикасноста

Поранешниот напаѓач , сега актуелен тренер на Металург , Ѓорѓи Христов ќе мора да поработи на ефикасноста на својот тимот. И во втората пријателска средба во Охрид, против Фламуртари, напаѓачите не усепаа да го најдат патот до противничката мрежа. По првиот пораз од 1-0, вториот тест заврши без победник 0-0.



Никитовиќ и Начевски под посебен третман

Дефанзивецот Никитовиќ и напаѓачот Начевски работат под посебен третман и и програма на др. Хаџински и нивниот настап во европските мечеви е под знак прашалник. Статусот на Баже Илијоски се уште не е одлучен па така, мала е веројатноста тој да биде меѓу пријавените за мечевите во Европа.

М.П.