Македонскиот репрезентативец Горан Пандев и Наполи претрпеа пораз на гостувањето во Болоња 2-0. Деветтиот пораз сезонава “азурите“ ги оддалечи од трката за третото место кое води во Лигата на Шампиони.

Трката за третото место го продолжуваат Лацио и Удинезе кои триумфираа во претпоследното коло од “Калчо Лигата“ над Аталанда односно Џенова.

Резултати : Сиена – Парма 0-2, Аталанта – Лацио 0-2, Удинезе – Џенова 2-0, Новара – Чезена 3-0, Палермо – Киево 4-4, Болоња – Наполи 2-0, Каљари – Јувентус 20:45, Интер – Милан 20:45.

Мх.П.