Ливерпул на Енфилд му нанесе тежок пораз на својот конкурент Манчестер Јунајтед совладувајќи го со 3-1. Холанѓанецот Дирк Кајт постигна хет трик благодарение на маестралната игра на Луис Суарез, почесниот погодок за “црвените ѓаволи“ го постигна Чичарито.


– Сите навивачи на Ливерпул може да слават триумфирвме над најголемиот ривал Манчестер Јунајтед. Во натпреварот дадовме максимун што очигледно вреди со плод. Сезоната не е завршена има уште многу да се игра – смета Кени Далглиш.



Менаџерот на “црвените“ не сакаше да го коментира стартот на Џејми Карагер врз португалецот Нани во финишот на првиот дел.

– Натпреварот не беше тежок за судење бидејќи фудбалерите го направија лесен. Фудбалот е поважен него инцидентите што се случуваат во игра. Актерите на дербито заслужуваат чиста 10-ка – заврши “Кинг Кени“.

Видео : Дирк Кајт херој на “КОП“

Мх.П.