Поради исклучената електрична енергија, наставата во ОУ „Григор Прличев“ денеска се одвиваше со скратени часови.
Проблемот се одрази и на греењето во училиштето, поради што јавноста очекува информација од одговорните дали и како ќе се одвива наставата.
-За тоа дали ќе има прекин на наставата или како таа ќе се одвива треба да одлучи улилиштето. Ние се надеваме дека во наредните неколку денови ќе постигнеме согласност со доверителите за одблокирање на сметката за да може да го подмириме долгот кон ЕВН. Во постојана комуникација сме со Министерството за образование и ЕВН се со цел да не трпи наставата.- изјави денеска на прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески.
Тој истакна дека нема најава дека други училишта во општината можат да бидат исклучени од струја, бидејќи немаат блокирани сметки и можат да ги сервисираат долговите.
Во ОУ „Григор Прличев“ настава следат околу 1200 ученици. Во моментов учениците од 9-то одделение се на екскурзија.
OhridNews