Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котевски, смета дека со враќањето на задолжителниот воен рок, ќе се намалат трошоците во армијата, пренесува телевизијата Алфа.

Иако дел од генералите и врвот на Министерството за одбрана се против ваквата идеа, Котевски преку шефот на државата Ѓорге Иванов се обидува да издејствува политичка согласност за враќањето на воениот рок.

Но оние кои се против оваа идеа, сметаат дека активирањето на задолжителниот воен рок е враќање во реформите, кои нема да се во согласност со НАТО. Алијансата сугерира да постои мала и професионална војска.

За сега, во Законот за одбрана се избришани членовите кои се однесуваат на задолжителното служење воен рок, кое е укинато пред десетина години.

OhridNews