– Сега панично се обидуваат да се извадат за прокоцканата прилика со некакви списоци на дела што наводно ќе ги направеле за Охрид. Прашање е зошто досега со веќе над 50 милиони евра средства на граѓаните на Охрид не направија ниту еден од наведените Проекти. Да кажете пред охридската јавност баравте ли од претставниците на Владата парите од комуналиите за изградбата на Свети Климентовиот универзитет со цесија да и бидат уплатени на охридска градежна фирма, рече Михаилов.
Прес конференција одржа и претседателот на Унијата на жени при ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска која истакна дека во програмата на унијата големо внимание се обрнува на младите и заштитата од секојдневните зла и опасности што се надвиснуваат над нив и се закануваат да ги загрозат, како нивното здравје така и нивниот живот. – Утре, во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“, организираме граѓанска трибина на тема „МЛАДИТЕ И ДРОГАТА“. Предавачи ќе бидат Примариус д-р Голабка Валилевска, д-р Весна Лаброска, лекар по општа медицина, Дипломиран психолог Жанета Никовска-Стојковска, претставник од СВР Охрид и претставник од Младинскиот Совет од Охрид и г-дин Сашо Донев, Претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, рече Јанковска.
Таа информира дека УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, утре, во 11 часот, организира и хуманитарна акција при што ќе го посетат Геронтолошкиот центар. – Целта на оваа активност е дружење со луѓето од третата доба во животот, пропратена со скромни подароци, потенцира претстедателот на УЖ на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска.