На иницијатива на жителите од Далјан, ЈП „Охридски Комуналец“ уреди зелено катче во населбата.

-Изразуваме благодарност до јавното претпријатие што излезе во пресрет на нашите барања и за брзо време го уреди новиот парк во населбата,-истакнаа иницијаторите за изградба на зелено катче во Далјан.


Со ова заврши третата фаза од акцијата „Да го вратиме сјајот на Далјан“, во рамки на која беа уредени јавните површини во населбата.


Ентузијастите од Далјан велат дека тука не застануваат тука, а очекуваат во нивните напори за поубава животна околина да добијат поддршка од месната заедница и екологистите.

OhridNews