Во вчерашниот прилог на далматинскиот Portalbiograd за посетата на KUD Kralj Tomislav во Охрид, хрватскиот весник го опишува „Балканскиот Ерусалим“ како град на УНЕСКО кој изобилува со културно историски споменици и цркви, кои датираат од различни временски периоди.
Во статијата не е одминат ниту познатиот бренд од градот – охридскиот бисер, ниту традиционалното ѓомлезе и квалитетното вино. Понатака, се споменуваат популарните „Билјанини извори“, манастирскиот комплекс „Св. Наум Чудотворец“, како и Музејот на вода.
Инаку, овој викенд КУД Ѓердан од Охрид беше домаќин на хрватското Kултурно уметничко друштво, Kralj Tomislav.
OhridNews