Дамки од моторни масла и гориво пловат по каналот Студенчишта и сериозно се закануваат на живиот свет. Оваа појава е изразита деновиве кога е поголема раздвиженоста во каналот каде сопствениците на пловни објекти почесто доаѓаат и тука ги поправаат и полнат со гориво своите кајчиња и глисери. За жал ваквата слика често се повторува во текот на летната туристичка сезона, кога и најмногу се користат пловните објекти.


Дамки од моторни масла пловат по каналот

Спортско риболовното друштво „Св. Апостол Петар“ деновиве излезе со предлог за дислокација на пловните објекти од каналот, со цел да се зачува и заштити ова природно живеалиште на бројни видови флора и фауна. Спортските риболовци предлагаат каналот да се уреди по теркот на реката Црн Дрим, а по него да пловат копии на охридски чунови кои ќе ги шетаат туристите до Билјанините извори. Со тоа каналот Студенчишта, наместо црна еколошка точка, ќе биде вистинска туристичка атракција и прекрасно шеталиште, велат спортските риболовци.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски