Српската репрезентативка Сања Дамњановиќ (28) во иднина ќе биде дел од екипата на Вардар, откако потпиша двегодишна верност на клубот.
– Со ангажирањето на Дамњановиќ продолжува намерата на Вардар да се засили со играчи за кои смета дека можат да се вклопат во нашата концепција и да придонесат за остварување на клупските цели. Веруваме дека Сања ќе донесе нова свежина во играта на Вардар, и заедно ќе се радуваме на нови успеси во иднина. – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Таа игра на позицијата лев бек и плејмејкер, со што значително ќе се засили конкуренцијата во тимот на тие позиции. Доаѓа од тимот на Виборг каде настапуваше од 2013 година и со данскиот тим ја освои двојната круна во тамошното првенство и триумфираше во КПК.
Зад себе има интернационална кариера од настап во екипите на Крим, Подравка и Виборг, а беше дел и од екипите на Раднички Белград, Наиса и Заечар.
Ohridnews