
– Да се критикува отпочнување на процес за градба на затворен пазар повеќе доликува на пофалба за активностите и заложбите на Локалната самоуправа.Моделот кој е предложен во самата физибилити студија во овој момент е најприфатлив со оглед на оставената економска состојба на ЈП Градски пазар од страна на СДСМ. Во овој момент овој е најисплатлив и најбрз начин како конечно да се реши потребата на граѓаните.Деталите околу тоа како точно ќе бидат дефинирани условите и начините за изградба на затворен пазар ќе бидат одредени во рамки на тендерската документација, рече Дамоска- Секулоска.
Таа потенцира дека ваквиот начин на осовремување на градскиот пазар ќе предизвика долгорочни позитивни ефекти на самото јавно претпријатие. Секулоска додаде дека останува нејасно како една одлука на совет која претходно била изгласана и од советничката група на СДСМ, преку ноќ беспредметно се критикува.
OhridNews











