Селекторот на Република Ирска, Џовани Трапатони ќе има сериозни проблеми околу составот за претстојниот дуел со Македонија во квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина.


По голманот Гивен,  дефанзивецот О`ши, Трапатони ги загуби стоперот Ричард Дан и фудбалерот за врска од редовите на Манчестер Јунајтед, Дарон Гибсон што му зададе сериозни проблеми на искусниот Италијанец.


Натпреварот помеѓу Република Ирска и Македонија се игра в сабота во Даблин.

ohridnews