Реал Мадрид пред натпреварот со Бетис објави дека на Дани Карвахал му била откриена вирусна инфекција, која влијае врз работата на неговото срце.
Клубот не соопшти точни детали околу вирусната инфенција која е сериозна и колку Карвахал ќе биде надвор од тимот.
„Темпото на неговото опоравување допрва ќе се проценува“, соопшти клубот.
Симптомите на перикардитис, кога се сериозни, можат да бидат слични на срцев удар, но најчесто се манифестираат како ненадејни силни болки во градите.
Дани Карвахал неодамна потпиша нов договор со Реал до јуни 2022 година.
OhridNews