Победникот на регионалното музичко шоу „X Factor“ Даниел Кајмакоски, кој деновиве престојува во родниот крај, вчера, беше на стоматолошки третман во ординацијата на Д-р Баткоски во познатиот здравствен центар „Св. Ѓорѓија“ во Охрид.
За најдобриот најдобра услуга – Даниел во стоматолошката ординација “Д-р Баткоски“
Популарниот Даниел, кој за кратко време стана миленик на народот, по проверката на оралното здравје, за спомен се фотографираше со персоналот на здравствениот центар.
Даниел пред два дена имаше топол пречек од неколку илјади фанови во струшко Мислешево, од каде тој потекнува. Во земјава тој останува до крајот на неделава, по што се враќа за Белград каде ќе работи на издавање на својот прв музички албум.
OhridNews













