На барање на даночните обврзници и согласно целите за децентрализација на услугите на Управата за јавни приходи, од денеска, граѓаните и стопанствениците од општина Дебарца ќе можат директно да комуницирираат со даночната администрација преку новоотворениот даночен шалтер лоциран во нивната општина.

Даночниот Шалтер кој е сместен во зградата на општината во село Белчишта, свечено ќе биде отворен денес, од страна на управникот на УЈП – Регионална Дирекција Битола, Петко Колчакоски и од градоначалникот на општина Дебарца, Љупчо Којчиноски.

Покрај намалување на трошоците, преку даночниот шалтер Дебарца, граѓаните и правните лица ќе можат да ги обезбедат следните даночните услуги во својата општина:

•    Давање и обезбедување на точни, јасни, навремени информации и помош за примена на даночните прописи и даночните постапки;
•    Укажување на потребната документација за остварување на посебните права и обврски од даночната сфера;
•    Давање појаснување за начинот на пополнување на посебните даночни пријави;
•    Прием на пријави што ги поднесуваат даночните обврзници и граѓаните;
•    Укажување на роковите за плаќање, уплатните сметки, приходни шифри, рокови за плаќање, коефициенти, просечни износи на месечна плата и др.

Ohridnews