Македонската ракометна репрезентација има гол предност (14-13) на полувремето против Еввропскиот првак Данска. Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски одиграа одлично полувреме без грешки во нападот, а на голот го имаат расположениот Ристовски со девет одбрани.

Најпрецизни во македонскиот состав се браќата Лазарови кои постигнаа по четири погодоци. Со победа против Данска, Македонија во 1/8 финалето ќе се сретне со Светскиот шампион, Франција, а со пораз патува на мегдан со Германија.

Мх.П.