Репрезентацијата на Данска е нов ракометен владетел во светот преземајќи го приматот од француската селекција. Во финалето данските ракометари славеа со 31-22 (18-11) против Норвешка и се закитија со златниот медал.

Данците до првата титула во четвртиот обид од светските првенства стигнаа со маестрален одигран натпревар и на најдобар можен начин го заокружија Мундијалот кој се одигра во нивната земја и Германија.

Клучот во победата вредна златен медал на данците беше првото полувреме. Одбраната предводена од голманот Никлас Лендин не и дозволи на Норвешка да се размавне, а нападот со сигурна и смирена игра го полнеше противничкиот гол за убедливо водство 18-11.

Во второто полувреме данските ракометари ја задржаа предноста, не дозволија неизвесност и ја забележаа втората најубедлива победа во финалните пресметки.

Нападот на Данска го предводеше Микел Хансен со 7 погодоци, Лауге и Олсен реализираа по пет, а епитот најефикасен на мечот му припадна на Јондал од Норвешка со 10 погодоци.

OhridNews