Репрезентацијата на домаќинот Данска е вториот финалист на 11то Европско првенство.
Во полуфиналето Данска со 29:27 ја совлада Хрватска и обезбеди борба за златото во која за противник ќе ја има репрезентацијата на Франција.
Хрватска одигра одлично прво полувреме, казнувајќи ги сите грешки на Данска, што на „коцкестите“ им донесе предност од два гола по првиот половина час.
Клучни за исходот од мечот беа почетните десет минути во вториот дел кога Хрватска не капитализираше предност од два играчи повеќе и промаши седмерец и неколку зицери. Данска потоа го подигна квалитетот на играта и со неколку мини серии го презеде водството кое не го испушти до крајот.
Хрватска и во третото полуфинале со домаќин на ЕП загуби. Претходно во 2004-та беше совладана од Словенија, а во 2012 од Србија.
За златото на ЕП ќе играат освојувачите на последните 4 титули. И Данска и Франција досега не загубиле финале.
Горан Момироски











