Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „VAGABOND- Quality Travel Fair“ кој ќе се одржува од 21-ви до 23-ти октомври 2016 година во Копенхаген, Данска. Оваа престижна саемска манифестација, е еден од најголемите туристички настани во Данска на кој секоја година се презентираат стотици земји и региони.

Според распоредот на настани од „Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот“ во 2016 година, свој изложбен штанд Македонија ќе има и на Саемот за туризам „IFTM“ во Париз, Франција, кој ќе се одржува од 20-ти до 23-ти септември 2016 година, а македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам. „Jata“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми септември во Токио, Јапонија.

Инаку во текот на првите три месеци од годинава, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги презентираше нашите туристички можности на саемите во Утрехт, Истанбул, Љубљана, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Будимпешта и Москва.

OhridNews