Поранешниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ застрелан е пред неговиот дом во Атина, соседна Грција.

Како што пренесуваат грчките медиуми, непознат сторител од близина пукал во Ковачевиќ кој паднал и се скрил, а куршумот завршил во неговата нога. Ковачевиќ не е во животна опасност, но поради сериозноста на повредата и безбедноста задржан е во болница.

Напаѓачот со голема брзина побегнал од местото, а полицијата во близина на некогашниот аеродром пронашла запален автомобил. Полицијата извршува голема истрага во Атина, бидејќи вакви работи ретко се случуваат.

Ковачевиќ во текот на кариерата го носеше дресот на Црвeна Ѕвезда, Јувентус, Лацио, Реал Сосиедад и Олимпијакос. Во дресот на Србија настапи 59 пати и постигна 10 погодоци.

OhridNews