Златната копачка во Европа, Дарко Панчев ќе се врати во фудбалскиот клуб Вардар и повторно ќе биде дел од „црвено црното“ семејство.


Некогашниот голгетер на Вардар ќе ја преземе функцијата спортски директор на која ќе биде официјално промовиран во текот на утрешниот ден.

Панчев и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко имаа долги разговори, а наоѓањето на заеднички јазик најмногу ги израдува вардаровите навивачи кои имаат убави спомени со популарниот „кобра“.

OhridNews