Македонскиот артист Darrus, го промовираше својот прв официјален дует насловен „Suvenir“, во соработка со Меланија Пентелашоска.

Песната „Suvenir“ претставува емотивна музичка приказна, инспирирана од љубовта, спомените и убавините на Македонија. Текстот е заедничко дело на Христијан Латкоски (Darrus) и Меланија Пентелашоска, додека музиката и продукцијата се целосно реализирани од Darrus.

Видеоспотот, кој визуелно ја надополнува приказната на песната, е во режија на Вик Кокаротски и ги доловува природните убавини на Охрид и Охридско Езеро.

Ова е прв официјален дует на Darrus, кој претставува значаен чекор во неговата музичка кариера и ново звучно освежување на домашната сцена. Проектот комбинира современ звук со силна емоција и автентичен визуелен идентитет, велат од неговата продукција.

Darrus и Меланија го промовираа дуетот и видеото за песната „Сувенир“, инспирирано од Охрид

OhridNews