Попладнево, од водите на Охридското езеро, било извлечено тело на машко лице кое почнало да се дави. На давеникот му помогнале другите капачи кои се затекнале во околината.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, засега не може да се каже на која возраст е лицето и како дошло до давењето.
Лицето со возило на Итната медицинска помош е пренесено во охридската Општа болница.
OhridNews












