Од минатата сезона се шпекулираше за раскин на договорот меѓу Давид Вилја и Барселона. Тие по доведувањето на Нејмар и слабата форма на Вилја станаа реалност.
Иако го делеа само детали за договор со Тотенхем, тој се реши да остане во Примера и ќе треба да го замени Радамел Фалкао во нападот од Атлетико Мадрид.
Истата судбина како Давид Вилја го снајде и Марио Гомез. Германецот се договори за трансфер во Фиорентина откако минатата сезона речиси цела ја преседа на клупата како резерва на Манџукиќ.
Баерн Минхен стигна до тројна круна, а Гомез немеше кој знае каква улога затоа се реши среќата да ја побара во „калчо лигата“.