Три победи во исто толку одиграни мечеви е скорот на македонскта кошаркарска репрезентација во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2021 година. Третиот позитивен резултат избраниците на Јорданчо Давитков го забележаа на домашен терен против Косово, победувајќи со 78-68.
Во четвртата рунда која ќе се одигра во февруари месец следната година Македонија на гостувањето во Романија ќе има шанса да го завери пласманот. На „црвено жолтите“ им одговара победа или пораз со не поголема разлика од 14 кошеви
- Во Романија ќе одиме да победиме и да ги избегнеме сите математики кои следуваат во групата. Се имаме во наши раце и нема потреба да зависиме од други. Што се однесува до мечот со Косово, знаев дека ќе биде тешко. Реков дека тешко се добиваат натпревари на кои имаш победено пред да започнат. Првата четвртина беше супер, но во втората комплетно потфрливме. Во второто полувреме се поправивме многу, игравме далеку подобра одбрана, а нападот не брзаше. – изјави Давитков.
Три од три за Македонија, Косово „падна“ во Гевгелија
OhridNews