Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација забележа две победи во исто толку мечеви во претквалификациите за учество на Евробаскетот 2021 година. „Црвено жолтите“ во првата рунда го совладаа Косово во Приштина, а во втората славеа против Романија во Скопје.
Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков задоволен е од двете победи на стартот од претквалфикациите. – Да ми кажеше некој дека ќе имаме две победи после два одиграни натпревари немаше да му верувам. Имаме супер почетокот, но ништо не е готово. Не треба да не понесе еуфорија или нешо слично затоа мора да стоиме цврсто на земја и да продолжиме да работиме.
Репрезентацијата на Романија се покажа како достоен ривал. Романците во првата четвртина го контролираа водството иако ја загубија со 20-19. Во втората и третата нашите кошаркари направија разлика доволна за победа.
- Мечот го започнавме во грч. Нивниот почеток не отрезна и ни кажа дека нема натпревар добиен пред почетокот. Мора да се одигра на терен и да се победи. По стабилизирањето на играта покажавме што знаеме и мислам дека одигравме добра кошарка. – додаде селекторот.
Македонија третиот меч во претквалфикациите го игра на почетокот од декември месец против селекцијата на Косово во Скопје.
И Романија на менито од Македонија
OhridNews