Со тесен триумф (76-73) над Косово во Приштина избраниците на македонскиот селектор Јорданчо Давитков ја започнаа втората фаза во претквалификациите за Евробаскетот 2021 година. „Црвено жолтите“ заслужено победија иако имаа одредени осцилации во играта. Косовските кошаркари имаа шанса за егал,  но нивниот шут со звукот на сирената не ја погоди целта.

  • Одигравме добар натпревар за овој период од годината. Го контролиравме од прва до последна минута. Бевме солидни во одбраната, освен што Бериша излегуваше од контрола и даваше чудни шутеви. Косово имаше поддршка и од публиката, но мислам дека заслужено дојдовме до триумф. Бевме борбени, иако е факт дека играчите не се подготвени за вакви натпревари. Не сакаме како лани да одлучуваат други за нас, туку да ја држиме контролата во наши раце. Не размислувавме за одмазда, а победата е слатка. Иако во финишот работите неочекувано излегоа од контрола и имаше интересна завршница. Сега, за нас следи Романија, против која ако победиме ќе бидеме многу блиску до наредната фаза. – изјави Давитков.

Македонија силите со Романија ќе ги одмери в недела (18:15ч) во Спортската арена „Борис Трајковски“.

Победнички лет на Македонија во Косово

OhridNews