Македонската кошаркарска репрезентација со триумф над Косово 76-73 (20-16, 14-13, 14-20, 28-24) ја започна втората фаза од претквалфикациите за пласман на Евробаскетот 2021 година.

„Црвено жолтите“ иако добија три од четирите квартали на крајот трепераа за победата. На две минути до финишот нашите кошаркари имаа водство од седум поени и напад, но брзоплетоста во нападот и опуштањето во одбраната косовски кошаркари ја казнија и во последните триесетина секунди имаа шанса за поволен резултат.

Најефикасниот во домашните редови Бериша при резултат 71-74 реализираше две од трите слободни и не искористи шанса за егал. Македонија преку Војдан Стојаноски постигна два поени и дојде до нова позитива од три поени. На пет секунди до крајот Косово имаше напад, но обидот за три не ја погоди целта и избраниците на македонскиот селектор Јорданчо Давитков ги прокнижија првите бодови.

Бојан Трајковски со 17 поени и 11 скокови беше наш најдобар кошаркар, „дабл дабл“ учинок имаше и Хендрикс со 10 поени и 12 скокови зад своето име. Поентерски се истакнаа уште Дамјан Стојаноски (15 поени) и Стојан Ѓуровски со 14 кошеви.

Во следната втора рунда Македонија ќе го пречека националниот состав на Романија.

OhridNews