Најдобриот стрелец на Светското првенство во фудбал во 1998 година, Давор Шукер, во четвртокот на Собранието едногласно е избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска.

Шукер функцијата ќе ја извршува  до крајот на мандатот на Собранието, односно во следните две ипол години.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Хрватска, 44-годишниот Шукер на функцијата ќе го наследи Влатко Марковиќ, кој на чело на националниот сојуз беше 14 години.

Во својот проштален говор, Марковиќ, рекол дека е горд на својата работа и дека не е загрижен за иднината на хрватскиот фудбал.

“макфакс“
Ohridnews