Екипата на Интер ниту на вториот меч во групната фаза од Лигата на Европа не успеа да ги освои првите бодови, откако претрпе пораз од Спарта Прага во Чешка (3-1).
Летаргичниот старт во натпреварот ги чинеше „нероазурите“ негатива од 2-0 по само 25 минути игра. Во 71-та гостите од Милано се вратија резултатски во игра, но пет минути подоцна домаќини со трет погодок ставија точка на сите надежи.
– За лоша тактика можеме да зборуваме колку сакаме, ако во мечот влезете лошо како што го направивме тоа ние. Немавме никаков пристап, а менталитетот ни го смена. Првиот дел го одигравме многу слабо додека во вториот за нијанса бевме подобри, но далеку од она што треба да го играме. Црвениот картон ни ги отежна многу работите, а третиот погодок ги реши сите дилеми. Имаме уште многу за работа, да корегираме работи бидејќи со ваков пристап и менталитет тешко ни се пишува. – рече Франк де Бур.
Интер, шанса за враќање на надежта за пласман на позициите кои водат во нокаут фазата ќе има против Саутемптон кој нема пораз во првите две кола.
ЛЕ: Дебакл на Интер во Чешка (видео)
OhridNews