Младиот, 20-годишен голман на Атлетико Мадрид, Давид Де Геа од следната сезона ќе биде чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед. Де Геа за сума од 20 милиони евра го напушта Атлетико, со Манчестер Јунајтед тој потпиша петгодишен договор.


„- Добивме понуди од Манчестер Јунајтед и Челзи, а голманот имаше и понуда за продолжување на договорот. Одлуката беше само негова, а тој реши кариерата да ја продолжи на Олд Трафорд“, рече извршниот директор на Атлетико, Мигел Анхел Гил Марин.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон за Де Геа го избра меѓу Мануел Ноер (Шалке), Жулио Цезар (Интер) и Мартин Стекеленбург (Ајакс), кои се меѓу најдобрите голмани во Европа.

Де Геа на голот на „црвените ѓаволи“ ќе го наследи ветеранот Едвин ван дер Сар кој по завршувањето на сезоната ќе стави карај на кариерата.

“Извор Макфакс“
Ohridnews