Шпанскиот чувар на мрежата Дави де Хеа ја продолжи верноста со „црвените ѓаволи“. Првиот избор на голот на Манчестер Јунајтед стави потпис на новиот договор вреден 375 00 фунти недела плата и на Олд Трафорд ќе остане најмалку до 2023 година.

Шпанецот ова лето и претходните беше мета на Реал Мадрид а интерес покажа и францускиот тим Пари Сент Жермен. Сепак, квалитетниот голман се реши за останување на Олд Трафорд и продолжување на лојалноста.

Де Хеа во Манчестер се пресели во 2011 година на инстистирање на Сер Алекс Фергусон. Интересен е фактот што легендарниот менаџер на „ѓаволите“ лично го гледал и преговарал за услугите на шпанскиот голман. Фергусон ваков исклучок направил само за Де Геа и Ерик Кантона, кој  е еден од најмаркатните ликови во ерата на Шкотланѓанецот на Олд Трафорд.

OhridNews